Достапни линкови

Николиќ: се откажуваме од ЕУ ако условот е Косово


Претседателот на Србија Томислав Николиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека Србија ќе се откаже од европскиот пат ако официјално и биде побарано да избира меѓу Европската унија и Косово. Тој во денешното издание на весникот „Вечерње новости“ оцени дека Србија може да биде членка на Унијата, но оти Брисел ја држи на растојание поради Косово. „Може така да не држи уште сто години, но ние нема да го смениме ставот за јужната покраина“ изјави Николиќ кој најави дека в петок ќе биде одржан состанок на српскиот државен врв за платформата во врска со Косово.
XS
SM
MD
LG