Достапни линкови

logo-print

Почнува одбраната на Караџиќ во Хаг


Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ пред Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ пред Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ денеска треба да ја почне својата одбрана пред Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија. Караџиќ, кој меѓу другото се товари и за геноцидот врз околу 8.000 мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година, тврди дека е невин.

Неговото судење започна во 2009 година, а обвинителството го заврши своето излагање во мај годинава. Минатиот месец, Трибуналот го одби барањето на Караџиќ за ново судење. Тој го обвини обвинителството за доцнење со откривањето на докази корисни за неговата одбрана.

Караџиќ беше уапсен во 2008 година, околу 13 години откако беше обвинет за организирање на српските злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.
XS
SM
MD
LG