Достапни линкови

Втора дебата: Обама-Ромни


Првата дебата меѓу Барак Обама и Мит Ромни во Денвер, Колорадо.

Првата дебата меѓу Барак Обама и Мит Ромни во Денвер, Колорадо.

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот републикански противкандидат за претседателската функција Мит Ромни денеска треба да ја одржат нивната втора од трите дебати. Нивното 90-минутно соочување во Универзитетот Хофстра во Хемпстед, Њујорк, е на три недели пред претседателските избори што ќе се одржат на 6 ноември. На дебатата, тие треба да одговараат на прашања од обичните граѓани. Прашањата што претходно ќе бидат селектирани од модераторот се однесуваат на домашната и на надворешната политика.

Според анкетите, Обама и Ромни имаат речиси изедначена поддршка.

Нивната последна дебата пред изборите ќе се одржи на 22 октомври.
XS
SM
MD
LG