Достапни линкови

Израелскиот парламент се самораспушти


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на седница на Кнесетот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на седница на Кнесетот.

Израелскиот парламент гласаше да се самораспушти и ги распиша предвремените парламентарни избори за 22 јануари. Изборите требаше да се одржат во октомври 2013 година, но премиерот Бенјамин Нетанјаху минатата недела побара предвремени избори зашто пратениците не можеа да се согласат за новиот буџет. Според анкетите, Нетанјаху и неговата партија Ликуд ќе победат на изборите на кои се очекува да настапат во коалиција со националистички и религиозни партии.
XS
SM
MD
LG