Достапни линкови

Организираниот криминал во светот вреди 870 милијарди долари годишно


Шефот на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН Јури Федотов.

Шефот на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН Јури Федотов.

Шефот на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН Јури Федотов изјави дека операциите на организираните криминални групи се во вредност од околу 870 милијарди долари годишно и оти милиони луѓе се жртви на овие организации. Тој додава дека организираните криминални групи се софистицирани и опортунистички и оти имаат тенденција да оперираат во држави каде што институциите и владеењето на правото се слаби. Федотов го изјави ова вчера во Виена на почетокот на Меѓународната конференција за борба против меѓународниот криминал.
XS
SM
MD
LG