Достапни линкови

Обиди за примирје во Сирија за Курбан Бајрам


Пратеникот на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими.

Пратеникот на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими одржа разговори во Ирак на кои побара помош во воспоставувањето прекин на огнот. Тој го посети Багдад откако претходно беше во Иран, Турција и во Саудиска Арабија. Иран е на страна на сирискиот режим, додека Турција и Саудиска Арабија ги поддржуваат бунтовниците. Брахими побара прекин на огнот за време на празнувањето на Курбан Бајрам што треба да почне во последната недела од октомври.
XS
SM
MD
LG