Достапни линкови

logo-print

Вашингтон го поздрави проширувањето на санкциите на ЕУ против Иран


Илустрација: Танкери.

Илустрација: Танкери.

Вашингтон го поздрави потегот на Европската унија да воведе нови економски санкции против Иран. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека изолирањето на Иран поради неговата нуклеарна програма, е приоритет за Вашингтон. Карни вели дека Техеран, како никогаш досега, се соочува со голем притисок.

Вчера ЕУ ги прошири санкциите кон Иран. Проширените санкции вклучуваат забрана за увоз на ирански природен гас во ЕУ и стопирање на продажбата на челик и алуминиум во Техеран. Исто така, бродовите кои се во сопственост на државјани или, пак, на компании од ЕУ не можат да се користат за пренос или складирање на иранска нафта и нејзини деривати. Снабдувањето на Иран со поморска опрема и технологија исто така е забрането.
XS
SM
MD
LG