Достапни линкови

Клинтон ја презеде одговорноста за пропустите при нападот во Бенгази


Напад врз американската дипломатска мисија во Бенгази.

Напад врз американската дипломатска мисија во Бенгази.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја презеде одговорноста за безбедносните пропусти што доведоа до минатомесечниот напад врз американската дипломатска мисија во Бенгази и убиството на четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот на САД во Либија. Во интервју за Си-Ен-Ен, Клинтон рече дека безбедноста на американските дипломати во странство е нејзина одговорност.

Таа изјави дека претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден не биле вклучени во одлуки за безбедноста поврзани со конзулатот во Бенгази. Нејзината изјава доаѓа во пресрет на денешната дебата меѓу Обама и неговиот противкандидат, републиканецот Мит Ромни. Според Ромни, нападот во Бенгази ги откри слабостите на наворешната политика на Обама и ја обвини неговата администрација за погрешно информирање за нападот.
XS
SM
MD
LG