Достапни линкови

logo-print

Украинска новинарка киднапирана во Сирија


Илустрација: Борби во Сирија.

Илустрација: Борби во Сирија.

Украинските власти објавија дека украинска новинарка била киднапирана од бунтовниците во Сирија. Претседателот Виктор Јанукович, во писмена изјава, информира дека новинарката Анхар Кочева која работела за руски телевизиски канали во Сирија е исчезната. Тој вели дека им наредил на надлежните да го испитаат случајот и да се заложат за правата на новинарката која има околу 40 години. Портпаролот на МНР Александар Дикусаров рече дека се прават напори да се обезбеди ослободување на Кочева. Тој изјави дека новинарката ги контактирала членовите на руската телевизиска екипа со која работела на 12 и на 13 октомври и им кажала дека била киднапирана на 9 октомври од припадници на Слободната сириска армија.
XS
SM
MD
LG