Достапни линкови

Младата пакистанска активистка пренесена на лекување во Британија


Младата пакистанска активистка Малала Јусуфзаи.

Младата пакистанска активистка Малала Јусуфзаи.

Младата пакистанска активистка Малала Јусуфзаи која минатата недела беше застрелана во главата од страна на Талибанците е пренесена во Велика Британија на медицински третман, како и за да добие заштита од заканите за напади од страна на исламистичките милитанти. Малала Јусуфзаи беше пренесена од Исламабад во Велика Британија со специјализиран авион обезбеден од страна на Обединетите Арапски Емирати. Британската влада потврди дека таа ќе биде згрижена во болницата Бирмингем.

Девојчето беше застрелано минатата недела кога го напуштила училиштето во долината Сват. Таа беше нападната поради блогот на кој пишувала за злосторствата на Талибанците. Малала е номинирана за меѓународната детска награда за мир. Талибанците ја застрелале бидејќи промовирала дека девојките имаат право на образование.
XS
SM
MD
LG