Достапни линкови

Опозицијата во Црна Гора повикува на формирање влада без Ѓукановиќ


Лидерот на црногорската опозициска коалиција Демократски фронт Миодраг Лекиќ, денеска ги повика останатите опозициски и малцински партии во Црна Гора на преговори за формирање на „влада на национално единство“ без Мило Ѓукановиќ. Повикот на Лекиќ доаѓа откако на вчерашните предвремени парламентарни избори победи владејачката коалиција „За европска Црна Гора“ која иако освои најмногу гласови, но не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.
Лекиќ изјави дека неговата коалиција како втора по големина политичка сила во земјата, е „должна да организира средби“ со сите партии, освен оние од коалицијата „За европска Црна Гора“, за фомирање влада на национално единство.
Според првичните резултати коалицијата „За европска Црна Гора“ освои 45,6 проценти од гласовите и 39 пратенички, а Демократскиот фронт освои 20 места од 81-то место во Парламентот.
XS
SM
MD
LG