Достапни линкови

ЕУ со нови санкции кон Иран


Европската унија значително ги заостри санкциите кон Иран поради контроверзната нуклеарна програма. Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург изразија голема загриженост за нуклеарната програма и побараа Иран да ги почитува меѓународните обврски.
Во соопштението по состанокот е наведено дека ќе се преземат соодветни мерки со цел да се оневозможи соработка со европски финансиски институции и фондови кои би можеле нa некој начин да му помогнат на Техеран. Забранети се сите финансиски трансакции меѓу европски и ирански банки освен во случаи кога тоа под строги услови го одобруваат властите.
XS
SM
MD
LG