Достапни линкови

Туркменистан додели награда на сопругата на Медведев


Туркменистан денеска и додели награда на сопругата на рускиот премиер Дмитри Медведев затоа што ги подобрила односите меѓу двете земји. При церемонијата во Ашхабат претседателот Гурбангули Бердимухамедов изјави дека Светлана Медведева со своите дела шири инспиративна духовност и морал меѓу младите луѓе. Во јавноста Медведева до сега не покажала некој посебен интерес за Туркенистан. Односите меѓу Туркменистан и Русија до сега беа затегнати од 2009-тата откако Москва нагло го прекина увозот на природен гас од Туркменистан.
XS
SM
MD
LG