Достапни линкови

Ахмети: Предвремени избори во март нема да донесат добро за државата


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Собранието изјави дека во владината коалиција не се разговарало за предвремени избори во март и оти тоа не би било добро за државата. Тој оцени дека односите во владината коалиција „не е се мед и млеко“, но оти нејзиното функционирање се базира дијалог, дебата и компромис. Ахмети во врска со законот за бранители предложен од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека ДУИ ќе ги искористи сите демократски механизми за да го спречи неговото донесување бидејќи тој закон е селективен. Тој по средбата со генералниот директот на Директорат за проширување Стефано Санино изјави дека ДУИ ќе остане на задачата да се постигне напредок во добрососедските односи, посебно со Грција и Бугарија.
XS
SM
MD
LG