Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Обидот на СДСМ е срамен


Обидот на СДСМ да изгради позиција во која доколку Грција повторно стави вето на евро-интергративниот процес на Македонија, со што ќе го обвини Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е срамен се вели во писмената реакција на ВМРО - ДПМНЕ. Во продолжение е наведено дека Владата веќе ги истакна принципите според кои има подготвеност да се продолжат разговорите за пронаоѓање за взаемно прифатливо решение помеѓу двете страни а постапките на ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со интересите на државата и време е да се престане со ефтини препукувања меѓу партиите.
Претходно СДСМ соопшти дека меморандумот кој предложи да се потпише Грција за решавање на спорот за името е неприфатлив во формата во која е предложен и треба да се отфрли. Тие побараа од премиерот Никола Груевски јавно да го каже својот став за содржината на меморандумот и да објасни што точно подразбира иницијативата на еврокомесарот Штефан Филе во врска со забрзувањето на процесот на преговори со Грција.
XS
SM
MD
LG