Достапни линкови

Покрај Сирија и Иран и Белорусија ќе добијат нови санкции од ЕУ


Еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон пред почетокот на состанокот за нови санкции кон Иран и Белорусија, изјави дека се уште има надеж за преговори со Иран за нуклеарната програма, но дотогаш ЕУ ќе продолжи да го притиска Техеран.
Дописникот на РСЕ од Брисел јавува дека се очекува состанокот да биде донесена одлука за забрани за финаниски трансакции за оние кои се инволвирани во снабдување на хуманитарна помош, храна и медицински средства и увоз на гас од Иран.
Покрај Иран и Белорусија ќе добие нови санкции. Се очекува министрите да ги продолжат забраните за уште една година за 243 луѓе и да донесат нови санкции и забрани за уште 32 лица, поради жестоките критики за парламентарните избори во Белорусија.
До сега се договорени само санкциите кон Сирија односно замрзнување на средствата и забрани за патување на 28 сиријци и две компании со што вкупно 181 лице и 54 компании од Сирија се на црната листа на ЕУ.
XS
SM
MD
LG