Достапни линкови

Санино се сретна со Црвенковски


Генералниот директор на директоратот за проширување на ЕК Стефан Санино и евроамбасадорот Аиво Орав денеска се сретнаа со лидерот на опозициската партија СДСМ Бранко Црвенковски. Во соопштението од партијата е наведено дека претставниците на ЕК потенцирале дека Комисијата со извештајот креирала позитивна клима и дека очекуваат работите да се придвижат, Владата да ги превземе неопходните чекори, согласно временската динамика, за зачленување на Македонија во ЕУ. Во продолжение е наведено дека Црвенковски смета дека и покрај препораката за почеток на преговорите, останува клучното прашање дали во декември Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG