Достапни линкови

Мултинационални компании со поткуп за бизнис во Грција?


Грција

Грција

Мултинационални компании давале милиони долари поткупи за да добијат договори во Грција, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“.
Податоците, кои се предадени на обвинителството, го опфаќаат периодот од 1997 до 2008 година, а станува збор за сума од над 26,4 милиони долари.
Весникот пишува дека се вмешани најмалку пет компании, евидентирани на берзата во Њујорк и кои работат во сферата на медицинската опрема, телекомуникациите, автомобилската индустрија и тутунската индустрија.
Според документите на американското Министерство за правда, компаниите признале дека поткупувале грчки политичари и високи функционери. Се очекува грчкото обвинителство да ја почне истрагата за откривање на идентитетот на лицата, кои добиле мито.
XS
SM
MD
LG