Достапни линкови

Брахими - мир во Сирија за време на Еид ал Адха


Пратеникот на ОН и Арапската Лига Лакдар Брахими денеска повика да се воспостави прекин на огнот во Сирија за време на престојниот 4 дневниот празник Еид ал Адха.
Овој повик на Брахими доаѓа на крајот посетата на Техеран каде се состана со Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад и шефот на дипломатиојата Али Акбар Салехи.
Брахими повика да престане трансферот на оружје за Сирија, и да започнат разговори за реформи и нови избори. Иран е главен сојузник на режимот на Башар ал Асад во Сирија.
Во меѓувреме, Турција соопшти дека бројот на бегалците од Сирија ја надминал бројката од 100 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG