Достапни линкови

ДПС победи на изборите во Црна Гора


Според податоците од Центарот за демократија, врз основа на примерок од околу 95 насто обработени бирачки места, коалицијата на ДПС, СДП и ЛП освоија 39 пратенички мандати во Собранието на Црна Гора кое има 81 пратеничко место. Опозицискиот Демократски сојуз освои 20, Социјалистичката народна партија девет а Позитивна Црна Гора седум мандати. Лидерот на владејачката ДПС и на коалицијата која води, Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека победата на изборите овозможила веднаш да се започне со формирање на новата влада .
XS
SM
MD
LG