Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка ќе го достави законот за бранителите


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својата денешна седница донесе одлука да препорача на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го повлече од процедура во редовната постапка предлогот за донесување закон за бранителите и повторно да го поднесе во скратена постапка до Собранието. Како што се наведува во соопштението, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ препорача до пратеничката група да се заложи за ограничување на дискусиите во новата скратена постапка во работата на комисиите, согласно правилата од Деловникот со цел да се спречи злоупотребувањето и несуштинското траење, односно одолговлекување на дискусиите.
XS
SM
MD
LG