Достапни линкови

logo-print

Хасан Приштина поставен во Скопје


Хасан Приштина треба да го почитуваат сите, а не само Албанците порача лидерот на ДУИ Али Ахмети при откривањето на споменикот кој е поставен Скопје пред трговскиот центар „ Мавровка“. На свеченоста присуствувале министри и и пратеници од ДУИ.
Ахмети во обраќањето пред присутните изјави дека овој споменик треба да инспирира многу млади луѓе да работат за својата земја.
Заменик министерот за образование Сафет Незири изјави дека значењето на Хасан Прииштина е големо затоа што тој заедно со ВМРО работел на ослободување на Македонија од Отоманската Империја.
Вчера за поставувањето на овој споменик реагирале опозициските партии кои сметаат дека ова е дел од низата случувања како што е и промената на имињата на училиштата кои само ги нарушуваат меѓуетничките односи.
Градоначалникот на Чаир за Телма телевизија изјавил дека одлуката за поставување на споменикот е донесена со двотретинско мнозинство во советот, односно дека за негово поставување гласале четворица советници од редовите на владеачката ВМРО – ДПМНЕ, како и советниците од партиите на Бошњаците и Турците.
XS
SM
MD
LG