Достапни линкови

Невладини организации ќе го тужат министерот Ристовски


Четири невладини организации, предводени од Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го тужат министерот за труд и социјала Спиро Ристовски за вознемирување, поради неговите последни изјави за правата на хомосексуалците и маргинализираните групи.
Тие сметаат дека неговото однесување предизвикува повреда на достоинството на маргинализираните лица со тоа што тој си дал за право да ја подели нацијата на здрава и болна оценувајќи по сексуалната ориентација.

Претходно министерот Ристовски изјави дека Владата нема да дозволи склучување на хомосексуални бракови и дека не ни сака да дискутира за „прашањето на хомосексуалните двојки да им се дозволи да посвојуваат деца, затоа што смета дека едно дете тре­ба да биде правилно развивано, да расте и да се развива во брак во кој ќе има мајка и татко во вистинска и биолошка форма на зборот.

Според невладините здруженија, оваа изјава наликува на застрашувачкиот модел на семејство и репродукција во служба на расно чиста нација, па бараат реакција од комисијата за заштита од дискриминација.
XS
SM
MD
LG