Достапни линкови

Дачиќ: Заканата за воведување визи ќе ги наруши односите на Србија со ЕУ


Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека со укинување на визната либерализација ќе бидат казнети граѓаните на Србија а тие не се виновни за проблемот со лажни азиланти во Европската Унија.
Тој изјави дека ако навистина е точна инфомацијата дека некои држави од Шенген зоната бараат да се воведат визи тоа ќе остави сериозни последици во односите на Србија со ЕУ. Тој додаде дека не е едноставно да се реши проблемот со сиромашните региони од каде што постекнуваат лажните азиланти од Србија но дека за тоа е потребно многу годишно инвестирање. Дачиќ додаде дека и во Србија има околу 5 илјади азиланти.
Претходно дел од српските медиуми јавија дека Германија,Белгија, Луксембург, Шведска и Холандија бараат да се врати визниот режим за Србија и Македонија поради зголемениот број на азиланти. Српската новинска агенција Танјуг повикувајќи се на извори во Брисел јавува дека нивното барање треба да се разгледува на Самитот на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, што ќе се оддржи на 25 октомври.
XS
SM
MD
LG