Достапни линкови

Турција ја зголеми борбената готовност


Турција ja зголеми борбена готовност на поморските сили во Средоземното Море. Весникот „Хуриет“ денеска објави дека кон базите на поморските сили во Средоземното Море се испратени фрегати, опремени со ракетни системи, 127-милиметарски топови, како и помали ракетни бродови.
Според весникот во зголемена борбена готовност се и копнените и возухопловните сили. На границата со Сирија се испратени околу 60 тенкови и околу 250 борбени возила, додека во воздухопловните бази во Дијарбекир и Малатија се распоредени дополнителни 15 воени авиони.
XS
SM
MD
LG