Достапни линкови

logo-print

Сарачини: Извештајот евидентира позитивен напредок и слабости


Министерот за економија Ваљон Сарачини изјави денеска дека извештајот за напредокот на Македонија од ЕК ја оценува позитивно економијата во земјата, во услови на криза кога економијата е сериозно нарушена во рамки на ЕУ. Тој додаде дека во извештајот се евидентирани и слабости. Тој изјави дека позитивниот напредок евидентиран во извештајот е постигнат со конкретните мерки на владата кои се преземени во изминава година.
Во Извештајот, како забелешки за еконимијата се недостиг на квалитетна работа сила, зголемениот дефицид и надворешен долг, малиот буџет за малите и средни претпријатија и занаетчиството. Незадоволува и искористувањето на европските фондови за претприемништво и иновации како ЦИП.
XS
SM
MD
LG