Достапни линкови

Кабул со критика за пакистанскиот политичар Кан


Имран Кан

Имран Кан

Авганистанското министерство за надворешни работи ја искритикува изјавата на пакистанскиот политичар Имран Кан за војната во Авганистан. Тој битката на луѓето против странските трупи во земјата ја нарече дел од светата исламска војна „Џихад“. Портпаролот на авганистанското министертво Џанан Мусазаи изјави дека коментарите на Кан се опасни и срамни. Мусазаи додаде дека со тоа се покажува оти Кан е опасно неинформиран или има лоши намери во врска со битките во Авганистан. Кан е меѓу десетте пакистански политичари кои добиле писмо од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи кој побара помош за заедничката битка против екстремизмот во двете земји.
XS
SM
MD
LG