Достапни линкови

logo-print

Самарас се надева на договор со „тројката“ до 18-ти октомври


Грчкиот премиер Антонис Самарас, очекува договор со доверителите од „тројката" пред самитот на ЕУ на 18-ти октомври . Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ тој изјави дека до тогаш целосно ќе биде комплетиран договорот за приоритетните фискални и структурни мерки потребни за распределбата (на следната транша). Самарас истакна дека Европа и ММФ, ќе мора да ги надминат разликите во нивните процени во однос на тоа како да се обезбеди стабилноста на долгот.
Минатата недела во посета на Атина беше германската канцеларка Ангела Меркел која го поздави напорите на владата на Самарас за реформите во економијата, но изјави дека се уште не е сигурно дека ќе биде издадена следната транша, се додека не биде готов извештајот на меѓународните кредитори.
XS
SM
MD
LG