Достапни линкови

Хјуман рајтс воч со осуда до Сирија за употребата на касетни бомби


Илустрација

Илустрација

Светската организација Хјуман рајст воч ги обвини сириските воздухопловни сили дека фрлат касетни бомби врз населени области. Директорот на организацијата Стив Гус изјави дека непочитувањето на сириските власти на цивилите е евидентно со самото бомбардирање и тоа мора „веднаш да престене.“ Касетните бомби во себе содржат околу 650 мунициски парчиња кои се распрскуваат врз голема област.
Но од 5 до 40 проценти од нив не успеваат да експодираат при падот па остануваат и понатаму да претставуваат опасност за цивилното население.
Сирија не го ратификуваше меѓународниот договор за некористење на касетни бомби во 2008 -та година кој е усвоен од 109 земји.
XS
SM
MD
LG