Достапни линкови

logo-print

Молитвено чествување за Тоше Проески


Во знак на одбележување на петгодишнината од загинувањето на големиот уметник и хуманист Тоше Проески, денеска покрај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи молитвено чествување.
Предвидено е полагање цвеќе, палење свеќи, откривање спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Мајка Тереза и Тоше Проески. Организатори на настанот се „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.
Тоше Проески беше познат македонски пејач и една од големите ѕвезди на балканската музичка сцена. Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
XS
SM
MD
LG