Достапни линкови

logo-print

Сирија главна тема на руско-европски дипломатски состанок


Несогласувањата околу Сирија се очекува да биде тема на средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговите колеги од земјите членки на ЕУ. Неформалната средба ќе се оддржи денеска во Луксембург и се очекува да присуствува и еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон.
Земјите членки на ЕУ планираат да воведат нов пакет санкции против режимот сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Русија заедно со Кина досега во Советот за безбедност во ОН ги одбија сите предлози за санкции кон Сирија и не овоможија поддршка за меѓународна интервенција во конфликтот.
На руско-европскиот состанок се очекува да се отвори и темата за иранската нуклеарна програма. Русија е протов спроведување на нови санкции против Иран.
XS
SM
MD
LG