Достапни линкови

Уапсен синот на поранешниот киргистански претседател Бакиев


Лондонската полиција го уапси синот на поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев откако САД побараа да го екстрадираат. 34 годишниот Максим Бакиев беше уапсен во петокот по обвиненија за заговор и измама.По него е распишана потера и во Киргистан од каде што побегна во 2010 година, откако неговиот татко беше симнат од власт поради злосторства и проневера на пари од државните фондови. Киргистан побара од Интерпол, Максим Бакиев да биде приведен и екстрадиран , но Киргистан и Британија немаат договор за екстрадиција. Постариот Бакиев доби политички азил во Белорусија.
XS
SM
MD
LG