Достапни линкови

Попоски од Оланд побарал поддршка за почеток на преговори со ЕУ


Македонија очекува поддршка и од Франција за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, на денешната неформална средба со францускиот претседател на маргините на 14. Самит на Франкофонијата што се одржува во Киншаса, Конго.
Во соопштението на МНР, е наведено дека министерот Попоски се сретнал и со премиерите на Луксембург, Либан и на Монако, со заменик-премиерот на Белгија, како и со министрите за надворешни работи на Ерменија, Лаос, Сенегал, Екваторијална Гвинеја, Валонија и Квебек. Главниот акцент на средбите, како што се наведува, беа глобалните предизвици во контекст на економскиот развој и регионалните интеграции. Попоски во своето обраќање ја нагласи поддршката што Македонија ја дава на Франкофонијата, како организација чии цели се глобални и се насочени кон поддршка на вредностите на демократијата и регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG