Достапни линкови

Сирија забрани прелетување на турски авиони над нејзината територија


Сирија синоќа соопшти дека им забранува на турските цивилни авиони да прелетуваат над сириска територија. Во соопштението на Министерството за надворешни работи во Дамаск се наведува дека забраната влезе во сила ноќеска на полноќ. Мерката е одговор на забрана на Турција за сириските авиони, се наведува во соопштението, кое што го објави државната новинска агенција САНА. Предходно турски авиони ловци пресретнаа сириски патнички авион и го принудија да слета во Турција. Според турските власти, авионот што летал од Москва за Дамаск превезувал муниција од руско производство, потсетуваат агенциите.
XS
SM
MD
LG