Достапни линкови

Мировниот пратеник Брахими на средба со турските лидери


Меѓународниот мировен пратеник за Сирија Лакдар Брахими денеска во Истанбул треба да одржи разговори со турските водачи во врска со Сирија. Посетата на Брахими, специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига, доаѓа откако се зголемија тензиите помеѓу Турција и нејзиниот сосед особено по прекуграничното бомбардирање од страна на Сирија во кое загинаа петмина турски државјани на 3 октомври.
Турција, која одговори на инцидентот со отворање оган во Сирија, предупреди на понатамошни одмазди ако гранатирањето продолжи.
Претходно турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше Советот за безбедност на ОН поради неговиот неуспех да се договори и да стави крај на 19-месечното насилство во Сирија. На меѓународна конференција во Истанбул тој рече дека светот беше сведок на "хуманитарната трагедија" во Сирија.
XS
SM
MD
LG