Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: Се уште не е утврден српскиот тим за преговори со Приштина


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјавил дека уште не е определена екипата за преговори со Приштина, како и кој ќе ја раководи. Како што пренесува Танјуг, премиерот рекол дека никој не треба да бега од одговорноста.
Тој повторил дека не може да се очекува разговорите од српска страна да бидат водени од заменик министер или од владин чиновник, штом во дијалогот учествува и европскиот министер за надворешни работи Кетрин Ештон.
Советникот за надворешна политика на српскиот претседател Марко Ѓуриќ изјавил дека за време на разговорите ќе се посочи крајната цел на Србија и ќе се разгледат „неколку варијанти за конечното решение за Косово“.
XS
SM
MD
LG