Достапни линкови

Чесите незаинтересирани за избори


Точно напладне во Чешка се затворија сите гласачки места, на кои од вчера Чесите гласаат за нови регионални власти во 13 региони, освен Прага и за 27 нови сенатори во горниот и долниот дом на парламентот.
Изборите поминале без инциденти, но со многу мал интерес на гласачите. Првите проценки зборуваат за одзив од 30 до 35 насто од регистрираните гласачи.
Пред четири години, на регионалните избори на кои триумфираше опозициската социјалдемократска партија во сите 13 региони имаше излезност од 40 насто.
XS
SM
MD
LG