Достапни линкови

Пет мртви во самоубиствен напад во Авганистан


Најмалку пет лица загинале во самоубиствен напад во провинцијата Кандахар во јужен Авганистан. Портпаролот на ИСАФ Адам Војак изјави дека меѓу загинатите има член на коалициските сили и еден цивил. Портпаролот на провинцијата соопшти дека напаѓачот пешачел кога го активирал експлозивот во неговиот елек кај еден контролен пункт во близина на канцеларијата на авганистанската разузнавачка агенција во областа Маруф.
XS
SM
MD
LG