Достапни линкови

Протести во Грција, приведени 35 лица


Грчката полиција приведе 35 лица во судирите со членови на црковни организации, кои протестираа против театарска претстава во која Исус Христос е претставен како хомосексуалец, пренесува агенцијата АНА-МПА.
Полицијата употребила и солзавец за време на синоќешните протести.
Вчерашниот ден беше втор од протестните акции против театарската претстава.
На синоќешниот протест пред театарот во кој се игра пиесата на американскиот драматург Теренс Макнали „Телото Христово“, покрај противници на претставата, имало и над 200 поддржувачи.
Грчки артисти претходно неделава изјавија дека обидите да се спречи одигрувањето на претставата претставуваат прекршување на слободата на говорот.
XS
SM
MD
LG