Достапни линкови

logo-print

Над 63 проценти од младите во БиХ се невработени


Стапката на невработени млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години во Босна и Херцеговина изнесува 63,1 процент, се наведува во извештајот на Европската комисија. Анализирајќи го извештајот на ЕК, сараевскиот весник „Дневни Аваз“, наведува дека шансите на младите луѓе во БиХ да дојдат до вработување се многу мали. Брисел, меѓу другото,предупреди дека без економски раст БиХ неможе да оствари напредок за членство во Европската унија.
Комисијата наведува дека е остварен умерен напредок во усогласувањето на законот на БиХ со европските стандарди во областите како слободно движење на стока, конкурентност, државна помош, интелектуална сопственост, истражување, право, слобода и безбедносни прашања.
XS
SM
MD
LG