Достапни линкови

Судири во Каиро, повредени стотина лица


Повеќе од 100 лица се повредени за време на судирите во Каиро меѓу поддржувачите и противниците на претседателот Мухамед Морси.
Ова е прво вакво насилство откако Морси ја презеде функцијата пред повеќе од три месеци. Ривалските фракции фрлале камења, парчиња од бетон и се удирале едни со други со стапови. Два автобуси на Муслиманското братство биле запалени.
Како што јавуваат агенциите, немало интервенција од полицијата.
Противниците на Морси велат дека тој не успеал да ги исполни своите ветувања за првите 100 дена на власт. Критичарите, исто така ги обвинуваат Морси, Муслиманското братство и други исламисти дека се обидува да ја исламизираат државата. Според поддржувачите на Морси му треба повеќе време поради тешкотиите наследени од авторитарното и корумпирано владеење на Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG