Достапни линкови

logo-print

Бесими: Препораката на ЕУ за преговори е порака спорот да се реши


Препораката на Европската Комисија, за отворање на преговори за членство со Македонија без натамошно одлагање, е сигнал до Македонија и до Грција што побргу да се реши спорот за името, изјави министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими, по неговите средби во Вашингтон.
“Во последниот извештај на Европската Комисија се повторува препораката до Советот на ЕУ да се определи датум за преговори без понатамошно пролонгирање. Ова е еден сигнал до двете страни, до Македонија и до Грција, ова прашање побргу да се реши во интерес на Македонија, Грција и регионот. Позитивен чекор е испратениот меморандум за разбирање од грчкото Министерство за надворешни работи и очекуваме да дојде до соодветни средби и да се дојде до решение за ова отворено прашање”, изјави Бесими.
Министерот во Вашингтон имаше средби со Џејмс Милер, потсекретар за политика во Секретаријатот за одбрана, Џулиен Смит, заменик советник за национална безбедност во кабинетот на потпретседателот Џо Бајден и со Филип Рикер, заменикот помошник државен секретар.
XS
SM
MD
LG