Достапни линкови

Единството - идеал на секое време


Диме Спасов - Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Диме Спасов - Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Мене особено ме прави горд тоа што луѓето од емиграцијата во доцните осумдесетти години, идеолози на нашата партија, делувајќи во едно бурно време на радикални промени на државните и општествени уредувања го разбрале не само мигот за воскреснување на најголемиот македонски идеал - сопствена држава, туку единството го гледале како единствен метод за постигање на таа цел, пишува претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Скоро некаде прочитав една мисла дека политичарот работи за сегашноста, а политичарот-визонер работи за идните генерации. Тоа е една голема вистина која сурово ги разграничува политичарите.
Не им е важна понудата, не им се важни оние за кој постојат, не им е важна ниту пак иднината на оние кој застанале позади нив ниту пак на сите граѓаните иако својата вистина им ја продаваат како догма.

Првите се носат строго од потребите на моментот со ризик да робуваат на тесни интереси и бум-резултати. Политичарот кој строго се посветува на СЕГА всушност политиката ја доживува на одредено „време“. На македонската политичка сцена се изнагледавме на такви примери. Без визија за иднината, без совест за суштината и значењето на превземениот чекор.

Суштината на постоење на политиката за таквата структура е да се сруши противникот секако, по секоја цена. Не им е важна понудата, не им се важни оние за кој постојат, не им е важна ниту, пак, иднината на оние кој застанале позади нив ниту, пак, на сите граѓани, иако својата вистина им ја продаваат како догма. За жал овој тип на водачи не научиле дека политиката не е поле за крвав бој и дека демократијата е натпревар на понуди, натпревар на идеи и проекти. Особено ако влечат потекло од некои минати системи се уште ја немаат научено азбуката на плуралниот систем дека противникот ти треба за споредување но и за креирање на платформа за општо добро.

Мене особено ме прави горд тоа што луѓето од емиграцијата во доцните осумдесетти години, идеолози на нашата партија, делувајќи во едно бурно време на радикални промени на државните и општествени уредувања го разбрале не само мигот за воскреснување на најголемиот македонски идеал - сопствена држава, туку единството го гледале како единствен метод за постигање на таа цел. Оттука доаѓа и ДПМНЕ - Демократска партија за македонско национално единство.

Овие идеолози, овие визионери поаѓајќи и од своето искуство, па и од својот личен вредносен систем и висока демократска свест знаеле дека единството е стремеж за постигнување на националните идеали. Знаеле дека секој оној кој мисли и верува различно не е мета за уништување туку треба да биде партнер, партнер со кој ќе се градат единствени национали интереси, единствени државни интереси за клучни прашања за Македонија и нејзината иднина.

Тоа се пред се грешки, намерни или ненамерни СЕПАК СЕ ГРЕШКИ - товарот на приватизацијата, корупцијата, шверцот, времената спогодба, менувањето на државните симболи и ред други работи за кој веќе се појавуваат лични сведоштва за кој се пишуваат книги, сценарија на документарци...
Како генерација живееме во едно исклучително тешко време кога зборуваме за предизвиците на Македонија. Наталожените проблеми од минатото често се несватливи за здравиот разум и логика, несватлива е и неодговорноста на политичарите кои во одреден период владееле во државата.

Одлуките кој ги имаат носено во периодот на деведесетите во никој случај неможат да се наречат државнички одлуки бидејќи не се засновани на врховен и единствен интерес за иднината на нашата држава, за иднината на следните генерации. Тоа се пред се грешки, намерни или ненамерни СЕПАК СЕ ГРЕШКИ - товарот на приватизацијата, корупцијата, шверцот, времената спогодба, менувањето на државните симболи и ред други работи за кој веќе се појавуваат лични сведоштва за кој се пишуваат книги, сценарија на документарци...

На оваа генерација политичари која денес е на власт и е оставено во наследство да ги решава тие вонредно тешки проблеми. До тој степен кај нас ерозирал поимот единство дури и ученик во основно училиште да прашате што најмногу ни недостасува ќе ви каже пак единство. Насекаде тоа ќе го чуете, изутрина во автобусите, во кафулињата, во разговорите. И што дополнително заплашува е колективната мисла дека тешко и некогаш да се постигне, т.е. со ваква опозиција тешко да се постигне. Тоа е докажано и во минатото а се докажува и сега. Тоа е неопростиво повеќе и од економските грабежи и од транзицијата и од се. Едноставно ова не треба да се случува.

Едноставно не можам да поверувам дека врхушка на одредена политичка партија се солидаризира со влада на туѓа држава по прашања кои ја засегаат матичната земја. Возможно ли е некаде политичари кои по дефиниција служат на својот народ и земја да се додворуваат на спротивната страна и перфидно да се нудат како поповолна страна.(скоро Викиликс објави документи за тоа како е доживуван водачот на македонската опозиција).

Премногу наивно да се верува дека дотичните не знаат дека за некои прашања постои конзесус, и дека не е доволно бројката од шесеет и еден пратеник во македонското Собрание. Само човек кој нема свест од денес за утре и длабоко го понижува гласачот кој треба да го гласа си игра со вакви чувствителни точки.

ВМРО-ДПМНЕ докажа многупати дека и значи македонското национално единство. Преку градење поблиски врски со дијаспората, преку доктрината каде се прифаќаат граѓаните од сите националности и вери во сопствените редови, преку уважување на секое делче од нашата историја.

Прво во своите редови генерираме атмосфера на отворени врати за секој кој сака да помогне и на себе и на општеството. Тоа е исто така компонента на единството. ВМРО-ДПМНЕ покажува преку својот пример. Истото потоа го нуди на гласачот. Скоро при една посета на Премиерот Никола Груевски на дијаспората во Детроит ќе прати порака: „Останете цврсти, останете во заедништво, немојте да се делите овде во дијаспората. Ни требате сложни, само така можете најмногу да и помогнете на Македонија“. Тоа се заложбите на ВМРО-ДПМНЕ.

Но како минува времето уверен сум дека единството не е невозможна мисија во Македонија. Се менуваат генерациите а и времето е немилосрдно. Должни сме да ги согледуваме грешките а особено ако тие чинат премногу скапо. Да го земеме европскиот и светскиот пример дека добробитта и иднината на татковината, на државата, на националните интереси се највисоката цел. Ниту се разговара ниту преговара за нив. Затоа што за Македонија се работи...
XS
SM
MD
LG