Достапни линкови

Меѓу најдобрите 100 компании во ЈИЕ, една од Македонија


Во овогодинешното петто по ред презентирање на најдобрите во Југоисточна Европа на листата од ТОП 100 компании во регионот на 59. место се најде рафинеријата Окта која и минатата година беше единствената компанија од земјава на оваа листа.
Меѓу ТОП 100 банки за 2012 Македонија е присутна со три банки - Комерцијална банка е позиционирана на 56 место, Стопанска банка АД Скопје на 59, а НЛБ Тутунска на 64 место.
Исто како и минатата година и оваа во делот на врвните 100 осигурителни компании се најдоа Триглав осигурување АД, кој е рангиран на 64 позиција, следат Еуролинк осигурување и Сава осигурување АД на 83 односно 84 место, Кјуби на 86. и Осигурителна полиса на 98 место.
На прво место на листата на најдобрите 100 компании е ОМВ Петром СА од Романија. Меѓу банките најдобра е Комерцијална банка од Романија и во делот на осигурувањето, на прво место е Заворовалница Триглав од Словенија.
XS
SM
MD
LG