Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се скараа за извештајот на ЕУ


Зоран Јовановски - СДСМ

Зоран Јовановски - СДСМ

Извештајот на ЕУ правилно го отсликува напредокот на Република Македонија, во сите области вклучително и економијата, наведе ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ не може да прифати дека извештајот на ЕК е најпозитивен од сите досегашни и оти ги гледа работите селективно.
СДСМ претходно побара Владата да ги признае забелешките од економскиот дел во Извештајот на Европската комисија и во најкус рок да објави детален план за нивно надминување.
„Јасно е дека Европската комисија, со дипломатски јазик ни соопштува дека европската криза нема никаква врска со тоа што нема напредок во владината економска политика, дека не ја ажурирала Стратегијата за јавниот долг и дека продолжува со нетранспарентно трошење“, изјави на прес-конференција потпретседателот на партијата Зоран Јовановски.
XS
SM
MD
LG