Достапни линкови

Рамката за името е важен момент во евроинтеграциите


Прес-конференција на вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.

Прес-конференција на вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.

Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија е најпозитивниот досега, оцени вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи посочи дека рамката која ја предложи еврокомесарот Штефан Филе за паралелени преговори е многу важен момент и оти треба максимално да ја искористиме оваа позитивна атмосфера и пред се поддршката од нашите партнери во ЕУ. Треба да продолжиме со истиот интензитет да работиме на реформите од нашата агенда, изјави Арифи.
Исто така да градиме и добри, отворени позитивни односи со сите соседи. Исто толку е важно што ЕК преку предлог во ваква рамка сака да даде дополнителен импулс за нашата земја и верува дека ќе го задржиме нашиот конструктивен пристап во преговорите, но и во процесите кои овозможуваат полесна интеграција во ЕУ, која е наша стратегиска цел.

„Исто така да градиме и добри, отворени позитивни односи со сите соседи. Исто толку е важно што ЕК преку предлог во ваква рамка сака да даде дополнителен импулс за нашата земја и верува дека ќе го задржиме нашиот конструктивен пристап во преговорите, но и во процесите кои овозможуваат полесна интеграција во ЕУ, која е наша стратегиска цел“ , посочи Арифи.

Вицепремиерката се осврна и за меморандумот за разбирање предложен од грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.
Евроамбасадорот Аиов Орав го презентира извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во Скопје.

Евроамбасадорот Аиов Орав го презентира извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во Скопје.


„За Меморандумот сметам дека треба да имаме целосна позитивна атмосфера. Мислам дека Балканот има потреба од позитивитет во дебатата за ЕУ и ценам дека земјите членки на ЕУ од соседството треба да го поддржат проширувањето на Унијата причина повеќе да се сите членки на еден ист систем“, истакна Арифи.

Таа информира дека Секретаријатот за европски прашања веќе направил анализа за секое поглавје поединечно за да се направи пресек на досегашните резултати и на препораките за натамошни подобрувања по области. Според вицепремиерката Меѓуетничките односи се нотирани во реална и коректна мерка.

„Сметам дека е особено важно како што се предлага од ЕУ да ги следиме линиите на Охридскиот рамковен договор како еден од гарантите на внатрешната стабилност и кохезија како еден од гарантите за ЕУ и НАТО интеграција“, рече Арифи.

Според вицепремиерката, ЕУ секогаш покажувала голема конструктивност и разбирање за процесот на проширување. ЕК и ЕУ во целост покажаа голема ангажираност да се најде пат низ кој би чекореле сите земји од ЈИЕ, а разговорите со Грција остануваат во рамките на ОН, заклучи Арифи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG