Достапни линкови

logo-print

Жените бараат подобра позиција на изборните листи


Форум на женски организации во Дебар.

Форум на женски организации во Дебар.

Здруженијата на жените оценуваат дека во изминатите изборни процеси, жените го немале своето место кое го заслужуваат на листите.

Во општина Дебар има нагласени активности на политичките партии околу престојните локални избори. Но активности започнаа и организациите на жените со цел, како што велат, да ја подобрат нивната позиција на изборните листи за локалните избори.
Според мене жените се способни да ги вршат сите функции. Но има влијание менталитетот и традицијата во Дебар, жената е во многу сфери дискриминирана. Ќе треба време да помине. Но сепак имаме кадри, кои треба да се избираат. Жените си го знаат своето место. Зависи многу од самите нас жените но и од политичките партии.

Здруженијата на жените оценуваат дека во изминатите изборни процеси, жените го немале своето место кое го заслужуваат на листите, поради што сега кога веќе има активности за престојните локални избори, сметаат дека е време политичките партии да го сменат својот однос во врска со застапеноста на жените во листите.

Во актуелниот Совет на општина Дебар, има само 3 жени од вкупно 17 советници, што не ги задоволува потребите на жените кога е во прашање нивното влијание во процесот на одлучување.

„Според мене жените се способни да ги вршат сите функции. Но има влијание менталитетот и традицијата во Дебар, жената е во многу сфери дискриминирана. Ќе треба време да помине. Но сепак имаме кадри, кои треба да се избираат. Жените си го знаат своето место. Зависи многу од самите нас жените но и од политичките партии“, вели Марија Јосифовска од Граѓанската организација „ Женски центар во Дебар“.
Преовладува мислење дека само мажите можат да вршат одредени функции, но не и жените. Жените се дискриминирани во оваа насока. Јас се надевам дека активностите ги имаме започнато навреме со цел да се подобри позицијата на жената на изборните списоци.

Фадрија Мустафовска, активистка во организациите на жените, смета дека сега е време за да започнат таквите активности за жените да добијат подобра позиција на изборните листи.

„Преовладува мислење дека само мажите можат да вршат одредени функции, но не и жените. Жените се дискриминирани во оваа насока. Јас се надевам дека активностите ги имаме започнато навреме со цел да се подобри позицијата на жената на изборните списоци. Ние ќе се организираме како цела група за потоа да влијаеме за подбра позиција на жените во изборните листи. Јас, ќе соработуваме со политичките партии за да се променат одредени позиции околу изборот.“

На женскиот Форум што деновиве се одржа во Дебар во организација на Женските центри од Дебар и Свети Николе, исто така покрај другото се расправаше за ова прашање.

Претседателката на Женскиот центар од Свети Николе, Даниела Панева ја изнесе оценката дека проблемите што ги имаат жените во Дебар треба да се надминат со поголеми активности и соработка со политичките партии.

„Гласот на жените треба да е ист како гласот на мажите. Во Дебар организациите на жените имаат бројни активности и така треба да продолжат сега пред изборите за да добијат подобри позиции на листите. Родовата еднаквост значи мажот и жената да се исти“.

Граѓанските организации на жените од Дебар, веќе најавија средби со ограноците на политичките партии кои делуваат во градот. Тие веруваат дека треба конечно да се промени позицијата на партиите кога се во прашање бројот и позицијата на жените во изборните листи.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG