Достапни линкови

Словенечки компании заинтересирани за Македонија


Словенечки бизнис ден во Струга.

Словенечки бизнис ден во Струга.

Словенечките компании размислуваат дел од своите производствени погони да ги преселат во Македонија. Засега околу 150 словенечки фирми се присутни во Македонија.

Поради економската криза во Словенија и повисоките даноци дел од словенечките компании се во план своите производствени линии да ги пренесат во Македонија и од тука да го бараат излезот на трети пазари, велат дел од словенечките бизнисмени присутни во Македонија.
Тие го селат и пазарот и производствените линии во Македонија и се отвараат нови фабрики што придонесува и за македонската работна сила што е позитвно. Има еден момент што е позитивен за Македонија, што има олеснителни околности и бенефиции доколку производството е во Македонија и се извезува од неа, па тука гледаат интерес.

Македонија се уште ги нема искористено своите потенцијали кои може да им ги понуди на словенците, вели Роберт Водушек, директор на фабриката Леарница од Охрид, словенечка инвестиција. Според него Македонија има и поевтина работна сила

„Македонија има услови кои Словенија ги нема.“

РСЕ: Во разговор со ваши колеги во Словенија, постои ли интерес за инвестирање во Македонија?

„Постои, затоа што тука е малку поевтина работната сила отколку во Словенија. Некои компании размислуваат за некои алтернативи, бидејќи кај нас даночната стапка е повисока.“
Словенечки бизнис ден во Струга.

Словенечки бизнис ден во Струга.


РСЕ: Значи некои компании размислуваат да ги пренесат своите производствени погони да ги пренесат во Македонија?

„Да, размислуваат“, вели Водушек.
И ние сиот ангажман да го насочуваме преку оваа категоризација и тоа е излезот, а не евтина работна сила. Евтина работна снага имаат многу други земји. Очекувано е дека преку Македонија, Словенија ќе очекува продор на трети пазар.

Искра Јовановиќ. директор на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, вели дека ако Словенија преку Македонија бараше шанса за излез во Европа, сега Македонија преставува отскочна даска за настап на Словенија на трети пазари.

„Тие го селат и пазарот и производствените линии во Македонија и се отвараат нови фабрики што придонесува и за македонската работна сила што е позитвно. Има еден момент што е позитивен за Македонија, што има олеснителни околности и бенефиции доколку производството е во Македонија и се извезува од неа, па тука гледаат интерес“, вели Јовановиќ.

Словенците, според Јовановиќ, се заинтересирани за туристичките и водените потенцијали, хидроелектраните, сончевите денови во Македонија. Словенците во Македонија не треба да гледаат само како место со евтина работна снага, туку со квалитетна работна сила, рече Илија Јакимовски претставник на Тримо Требње од Словенија.

„И ние сиот ангажман да го насочуваме преку оваа категоризација и тоа е излезот, а не евтина работна сила. Евтина работна снага имаат многу други земји. Очекувано е дека преку Македонија, Словенија ќе очекува продор на трети пазар“, рече Илија Јакимовски претставник Тримо Требње од Словенија.

Економската соработка помеѓу Македонија и Словенија е на задоволително ниво со оглед на тоа дека најголемиот дел од поголемите словенечки компании се присутни на македонскиот пазар, вели Михајло Мојсов конзул на Словенија во Македонија.

„Отприлика од 100 до 150 се движи бројот на словенечки компании кои се присутни во Македонија“, рече Мојсов.

Во Струга деновиве се одржа словенечки бизнис ден на кој беа присутни повеќе од 80 словенечки и македонски компании.
XS
SM
MD
LG