Достапни линкови

Фалсификуваниот мед - нелојална конкуренција на органскиот


Пчеларите од битолско предупредуваат дека на пазарот има фалсификуван мед. Станува збор за гликоза измешана со скроб и сосема мал процент на природен мед ставен заради аромата.

Пчеларите од битолско предупредуваат дека на пазарот има фалсификуван мед. Станува збор за гликоза измешана со скроб и сосема мал процент на природен мед ставен заради аромата. Фалсификаторите, мало количество на природен мед го ставаат како маја во смеса, за таа да има барем мали примеси на мед, а поголемиот дел од остатокот понекогаш и до 80 проценти е гликоза, нишесте, вештачки бои и ароми.
Граѓаните треба да обрнат големо внимание на квалитетот на медот, а не само на цената. Прв показател за квалитетот на медот е цената.
Пеце Чавдаровски, претседател на здружението на пчелари „Нектар“ од Битола.

Пеце Чавдаровски, претседател на здружението на пчелари „Нектар“ од Битола вели:

„Имаме многу проблеми со дивите произведувачи, со фалсификат на медот. Се бориме со Министерството да го спречиме тоа. Имавме неколку такви акции спроведени и се надевам дека ќе ги подобриме состојбите. Граѓаните треба да обрнат големо внимание на квалитетот на медот, а не само на цената. Прв показател за квалитетот на медот е цената. Секој природен мед кристализира и кога купуваат да бараат кристализиран мед.“

Пчеларите бараат во Македонија да се отвори лабораторија за испитување на квалитетот на медот.
Илустрација.
Илустрација.

„Пред извесно време на таа тема разговаравме со здружението на пчелари. Ние ќе го поддржиме отворањето на таква лабораторија, ќе го предвидиме тоа преку нашите програми во министерството. Сигурен сум дека ќе добиеме една таква лабораторија која ќе им помогне на нашите пчелари да го докажат квалитетот на медот“, вели заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски.
Од 110 пчелни семејства пријавени за органски мед во 2005 година денес имаме 14.000 пчелни семејства кои се пријавени дека произведуваат органски мед.
Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.

Тој уште посочува дека како Министерство за земјоделство прават големи напори за развој на пчеларството во Македонија, посебно на органското производство.

„Од 110 пчелни семејства пријавени за органски мед во 2005 година денес имаме 14.000 пчелни семејства кои се пријавени дека произведуваат органски мед. Тука треба да ја бараме шансата за пласман на нашиот мед во Македонија и надвор од земјата. Во изминатите четири години дававме силна подршка на овој сектор околу 5,5 милиони евра беа дадени за равојот на пчеларството“, вели Коњановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG