Достапни линкови

ЕУ горда на Нобеловата награда за мир


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј оцени дека Нобеловата награда за мир што денеска ја доби Европскта унија всушност претставува признавање на улогата на Унијата како најголем миротворец во историјата. Претходно, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека наградата е голема чест за Унијата и за сите нејзини 500 милиони жители. „Помирувањето е суштината на постоењето на Европската унија и може да биде инспирација. Унијата е единствен проект што војната ја замени со мир, а омразата со солидарност“ оцени претседателот на европарламентот Мартин Шулц. Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен изјави дека Унијата и Алијансата делат заеднички вредности кои помогнаа во обликувањето на нова Европа. Нобеловиот комитет денеска во Осло образложи дека Европската унија ја добива наградата за мир поради шестдеценскиот придонес во унапредувањето на мирот, демократијата и човековите права во Европа.
XS
SM
MD
LG